English Language Makedonski Language

За нас

Хотел Монтенегро Ривијера

-Историја и профил на компанијата

Во централниот дел на Македонија, во срцето на Македонија, во убавиот и прекрасен град Велес, познат по својата стара архитектура и реката Вардар која го дели на два дела во 2008 година никнува Хотелот Монтенегро-Ривијера, како производ-резултат на 15 –годишното успешно работење на компанијата ДООЕЛ Монтенегро Електроник со седиште во Велес.

Оснивачот- сопственикот на компанијата името на Хотелот Монтенегро му го дава како резултат на убавите спомени и долгогодишното живеење на прекрасното Црногорско приморје во градот Херцег Нови, Република Црна Гора.

Хотел Монтенегро-Ривијера ве пречекува во благ, смирен и хармоничен амбиент, со пријатна и квалитетна услуга и желба да ги задоволи сите професионални современи бизнис стандарди, нуди перфектна можност за ваша релаксација и одмор.