English Language Makedonski Language

Велес

Велес се наога во централниот дел на Македонија на автопатот Е-75, 50км јужно од главниот град Скопје на раскрсницата каде се спојуваат патиштата од Исток, Запад, Север и Југ.

Град со богата историја на културно наследство. Град кој го дели на два дела убавата река Вардар. Уште од праисторијата од времето на палеолитот пронајдени се фосилни  остатоци од живиот  свет за подоцна и населба од бронзеното време како и карактеристични некрополи од железното време.
Од античкиот период има повеќе населби кои биле во состав на пајонската држава. Велес е доста значаен и во периодот на националната преродба. Град каде е отворена првата јавна билиотека, првиот драмски театар.
Велес е богат со значајни сакрални објекти од кои позначајни се: црквите Св.Пантелејмон, Св.Спас, Св.Димитрија како и новоизградената Св. Кирил и Методиј.
Градот Велес  има препознатлива кујна со најпознатиот специјалитет – пита пастрмајлија. Со својата убавина посебно се истакнува вештачкото езеро Младост кое се наоѓа на транзитниот пат Скопје-Велес.